Трендафилов го подбра Неделков: НЕ ТИ Е ЈАСНО како може да се реши превозот за работниците?!
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, на социјалните мрежи го коментира настапот на претседателот на СОНК, Јаким Неделков каде тој има разбирање за Собранието и смета дека превозот на рбаотниците не е работа што може лесно да се реши.
– Додека Сојузот на синдикатите на Македонија бара, преговара и протестира за враќање на правото на трошоци за превоз на работниците, вклучително и на вработените во образование, други излегуваат по телевизии и наместо да имаат разбирање за работниците и да се борат и ги поддржуваат нив за враќање на ова изгубено право, тие имаат разбирање за состојбата во буџетот, имаат разбирање за работодавачите, а на штета на работниците.
Дали навистина не му е јасно како може превозот да се реши за работниците, ако тоа не било решено со Закон, но што да каже кога минатата година наместо за повеќе 12% се испазари за 5% зголемени плати, а оваа, наместо 12,6% се испазари за 7% зголемени плати или народски кажано наместо да се зголемат платите, произлегува дека се намалија платите на вработените во образование за 12,6% !
Од друга страна Собранието на Република Северна Македонија за 13 месеци исплатило 18,6 милиони денари за патни трошоци што ги побарале пратеници, ама за тоа вработените во образованието ниту другите работници немаат право ниту да побараат трошоци за превоз и дали ваквите синдикалци повеќе се загрижени да има за пратениците, а да нема за работниците. – пишува Трендафилов на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
80 години од формирањето на Сојузот на…
Одбележуваме 80 години од создавањето на една…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…
ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…
Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…