Две измами во ист ден во Неготино – пензионери останале без 7.000 евра
Во две успешни измами извршени во ист ден во Неготино, двајца повозрасни жители на градот, маж и жена, останале без вкупно 7.000 евра, информира полицијата.
Во првиот случај, 76-годишен неготинчанец му дал 4.000 евра на непознат човек кој му ги побарал со банално оправдување.
„На 19.02.2026 во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати. Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен“, велат од МВР.
Во втората измама, користена е познатата приказна во која лажен лекар бара пари за наводната операција на близок член на семејството на жртвата.
„На 19.02.2026 во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 3000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две измами во ист ден во Неготино…
Во две успешни измами извршени во ист…
Си го нападнал синот со секира –…
Вчера во 11:15 часот во Битола, полициски…
Останал и без 4.200 евра и без…
МВР информира дека вчера во 15:00 часот…
Вчера шест обиди за измами со лажни…
На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени…
Возеле без возачка дозвола: Одземени автомобили во…
На 17.02.2026 во 02:30 часот во Делчево,…