Две измами во ист ден во Неготино – пензионери останале без 7.000 евра

t

Во две успешни измами извршени во ист ден во Неготино, двајца повозрасни жители на градот, маж и жена, останале без вкупно 7.000 евра, информира полицијата.

Во првиот случај, 76-годишен неготинчанец му дал 4.000 евра на непознат човек кој му ги побарал со банално оправдување.

„На 19.02.2026 во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати. Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен“, велат од МВР.

Во втората измама, користена е познатата приказна во која лажен лекар бара пари за наводната операција на близок член на семејството на жртвата.

„На 19.02.2026 во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 3000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја нападнала својата 72 годишна мајка: Приведена…

На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш,…

Скопјанец нападнал двајца вработени во ЕВН —…

Полицијата вчера уапсила 47-годишен насилник од Скопје…

Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од…

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека…

Се тепале колеги болничари во болницата во…

На 17.08.2026 во 09:20 часот во Полициската…

Негувателки во градинки во Хром и во…

Негувателки во градинки во скопската населба Хром,…