Две лица загинаа во шумски пожар во Грција
Пожар во областа Коринт, на југот на Грција, поради силниот ветер неконтролирано се шири, а две безживотни тела се пронајдени неколку часа откако две лица беа пријавени за исчезнати, соопшти денеска грчката противпожарна служба.
Станува збор за двајца мажи кои тргнале со мотори за да му помогнат на својот познаник, пренесува Катимерини.
Жителите на неколку загрозени села добија наредба да се евакуираат, а пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот, пишува порталот.
Борбата со пожарот ја отежнува силниот ветер.
Вработени се околу 350 пожарникари, 110 возила, 5 авиони и 4 хеликоптери, јавува Танјуг.
Регионалниот гувернер на Пелопонез, Димитрис Птохос изјави дека пожарот брзо се проширил и излегол од контрола поради многу силните ветрови што дувале во областа вчера.
„Изгоре голема површина од шумата, но во моментов не можеме да процениме колку хектари. Исто така, изгореа и некои рурални куќи“, рече Птохос.
Тој додаде дека училиштата во општина Ксилокастро-Евростини денеска нема да работат.
Пожарот избувна во неделата наутро во шумска област на Коринт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Трагедија во Грција: Србинка се удави во…
Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…
Грција најавува повисоки казни за возење пијани…
Грција наскоро ќе воведе построг закон за…