Две лица ограбиле казино во Струмица

t

Утринава околу 05.35 часот полициски службеници од СВР Струмица ги уапси Е.И. на возраст од 22 години од Скопје и С.А. од Струмица. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „разбојништво”.

„Околу 05.00 часот во казино на ул.„Балканска” во Струмица Е.И., кој бил заедно со С.А., со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Двете лица набрзо се пронајдени и приведени, а одземените пари се вратени на сопственикот. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Костадинов извести дека Струмица ја напушта…

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска…

Струмички „Комуналец“ објави 16 анализи: Водата за…

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица објави 16 микрообилошки…

АХВ со нови мерки за водата во…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Струмица стана првата општина на Балканот која…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во…

Ограбена пензионерка среде бел ден во Центар

На 24.08.2024 во 14.55 часот во СВР…