Две лица повредени откако трактор излетал од коловоз
На 08.05.2022 околу 13.45 часот во Полициска станица Делчево од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека на регионалниот пат од с.Разловци кон с.Тработивиште, кај место викано „Лошана“, во с.Разловци, делчевско, трактор „ИМТ“, со делчевски регистерски ознаки, управуван од Ѓ.С.(53), каде сопатничка била Ј.С.(45), двајцата од с.Разловци, излетал од коловозот.
Во несреќата возачот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани од лекар од Итна медицинска помош, по што се пренесени во Медицински центар во Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициски станица Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…