Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром
Во две средношколки, удрил мотор на тротоар, поточно на велосипедска патека во населбата Аеродром во Скопје. Двете девојки, едната 15, а другата 16 години биле силно удрени од моторот од задна страна, кој бил управуван од две момчиња на млада возраст. Откако се случило тоа, еден од нив се симнал и им рекол да не пријавуваат во полиција, дека лесно ќе се договорат, по што избегале. Интервенирале луѓе кои поминувале со камион, двете девојки биле однесени во Градската болница каде било констатирано дека не се во животна опасност, немале скршеници на снимките, мо имаат нагмечено места по целото тело, во пределот на кичмата, рани, како и повредени зглобови на раката и на нога.
-Ќе го пратиш детето во училиште, ќе го најдеш во градска болница. Трет ден девојчето е цело искршено, не може да се движи, со болки, постојано со бруфени е, нема делче каде што не е удрена, изјави за А1он мајката на едното од повредените девојчиња.
Полицијата дошла на повик, биле пронајдени и двете момчиња на моторот и се идентификувани. Еден од нив и се заканувал да не се презема ништо против нив.
-Записникот треба да се чека 7 или 8 месеци, следната година можеби. Тогаш ќе можеме да преземеме некоја активност против сторителите. Нема увидна полиција, нема записник. Полицијката го пронашла извршителот, но никој никаква информација не ни даде само една полицајка ни кажа дека го пронашле престапникот, изјави мајката на едно од девојчињата.
Од полицијата на родителите им рекле дека двете девојчиња се движеле по патека за велосипеди, која според нив била и за мотори до 50 кубици.
Девојките, пред два дена кога се случил инцидентот, се движеле од Цементара накај хемиското училиште. Интересно е дека патеката во должина од стотина метри има сообраќаен знак за велосипеди, а над неа патека за пешаци која по стотина метри завршува како влез во зграда, а долу на патот останува една заедничка тесна патека. Или ако се доаѓа од спротивен правец, како што се движеле девојките, по тесната патека во еден момент станува патека за велосипеди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…