Две нови армии во вооружените сили на Русија: Шојгу бара 1,5 милиони нови војници!
Во Вооружените сили на Русија годинава ќе се формираат две армии, армиски корпус, нова воена поморска област, пет дивизии, 26 бригади и два воени окрузи, најави заменик началникот на Генералштабот на руската армија, генерал-полковник Евгениј Бурдински.
„Во 2023 година, неопходно е да се обезбеди навремена организациска и кадровска поддршка за формирање на комбинираните и воздушните армии, армискиот кор, поморскиот округ Азов, пет дивизии и 26 бригади, како и формирањето на московската и ленинградската војска“, наведува Бурдински во напис за списанието „Воен комесаријат на Русија“.
Според него, задачата за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија во 2023 година мора да биде завршена за краток временски период.
За тоа е потребно организирано пополнување на редовите со нов воен персонал, нивно распоредување, сеопфатна поддршка, синхронизација на настаните со роковите за предавање на главните примероци на оружје, воена и специјална опрема и други материјални ресурси.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу одржа состанок во декември на кој се разговараше за зголемување на бројот на вооружените сили на 1,5 милиони луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…