ДВЕ УЧИЛИШТА ПОЛНИ СО БЕГАЛЦИ СЕ ПОГОДЕНИ ВО ЦЕНТРАЛНА ГАЗА: Агенција на ОН која ги користи објектите информира дека има повредени

t

Две училишта на Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) во централниот дел на Појасот Газа синоќа беа погодени и има повредени, соопшти агенцијата.

Во соопштение објавено на платформата X, се додава дека има и повредени во одделен напад кога училишна зграда во Рафа на југот од палестинската енклава претрпе колатерална штета откако беше погодена зграда во близина.

„Две училишта на УНРВА беа директно погодени, предизвикувајќи штети на зградите и повреди на луѓето кои се засолниле таму. Училиштето во Рафа претрпе колатерална штета, а луѓе беа повредени по нападот на блиската зграда“, се вели во соопштението.

Советот за безбедност на ОН синоќа усвои резолуција со која се повикува на хуманитарна пауза во борбите во Газа и поголеми напори за да се овозможи испорака на хуманитарна помош на територијата зафатена од конфликтот.

Резолуцијата, предложена од Малта, повикува и на итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и другите групи.

Документот, исто така, бара од сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право и го повикува генералниот секретар на ОН да следи и да известува за нивно спроведување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…

Република Македонија мора да покаже политичка волја…

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Ерменските власти го уапсија поглаварот на Ерменската…

Ерменските власти денес го уапсија надбискупот Баграт…

ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…

Секој кој има докази за делот од…