Движење Слободни и независни: ВМРО-ДПМНЕ може да прави што сака, зошто на Левица ѝ е забрането да се рекламира?
Движење Слободни и независни обвини дека изборите во Македонија во 2025 година се далеку од фер и демократски, тврдејќи дека правилата важат само за малите партии, додека, пак, за ВМРО-ДПМНЕ „сè е дозволено“.
„Фер избори и деморкатски избори во Македонија во 2025 година е само флоскула. Законот и правилниците се напишани така што можат да се толкуваат како им одговара на владејачките структури. И повторно, како и секогаш, правилата важат само за малите, а за ВМРО ДПМНЕ – сè е дозволено. Денес политичките партии свечено го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, на во реалноста се случува нешто сосема спротивно, двојни стандарди и злоупотреба на државните (парите на граѓаните) ресурси во корист на ВМРО-ДПМНЕ. За овој изборен циклус, од џебот на граѓаните ќе се потрошат 6,7 милиони евра во медиумите, но овие пари нема правично да се распределат. Напротив, најголемиот дел од парите е однапред резервиран за големите партии. Пари на граѓаните за партиска пропаганда! Ниту е е фер, ниту е демократија“, обвинуваат од Движење Слободни и независни.
Оттаму посочуваат и на случајот со Левица, на која ѝ било забрането рекламирање од буџетот.
„Иако не се согласуваме со ставовите на парламентарна партија Левица, сметаме дека правото и законите треба да важат за сите и не разбираме зошто на ПП Левица ѝ е забрането да се рекламира согласно закон и согласно правилата да се рекламира од буџетот кој е издвоен за овие избори, наменет за политичките партии. Ако ова можат да ѝ го направат на најсилната опозициона партија, тогаш што останува за малите, вонпарламентарни партии? Зконот и правилата важат за сите, освен за ВМРО ДПМНЕ“, велат активистите.
Кандидатот за градоначалник на Скопје од Движење Слободни и Независни, Владимир Куновски, е уште поостар.
„Не знам зошто има формални избори и зошто глумиме демократија кога гледаме како ДПМНЕ си прави што сака, крати буџетски средства за политички партии, забранува рекламирање опоненти, организира кампања и промоции иако не смее. Едноставно дај нека изберат сами и градоначалници и советници во сите општини и да не правиме трошок без пари. Нека воведат систем како во Северна Кореја, таман имаме и сличности, Северна Македонија“, изјави тој.
Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни) е составено од долгогодишни граѓански активисти, препознатвиви преку здруженија Но Пасаран, Човекот над профитот и Превентива. Политичкото крило на Движењето е преставено од ПП Работничка партија Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Движење Слободни и независни: ВМРО-ДПМНЕ може да…
Движење Слободни и независни обвини дека изборите…
ГРОМ: Згрозени сме од последната одлука на…
Граѓанската опција за Македонија е згрозена од…
Левица: Иако Тошковски и Мицкоски целосно застанаа…
Иако министерот Тошковски и премиерот Мицкоски целосно…
Левица: Нема вода за стружани – има…
„Додека делови од Струга се оставени и…
СДСМ го доби бројот 5, ВМРО-ДПМНЕ 9,…
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржа…