Дебарчанец возел пијан па физички ги нападнал полициските службеници

t

Лишен од слобода дебарчанец, управувал возило под дејство на алкохол, физички нападнал полициски службеници и кај него бил пронајден пиштол

На 19.08.2025 во 01:20 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.Р.(45) од Дебар. Полициски службеници го забележале лицето како управува патничко возило „фолксваген џета“ со национални ознаки на САД со чкрипење на гумите и нагло зголемување на брзината. Откако го запреле возилото, тој физички ги нападнал полициските службеници и кај него бил пронајден пиштол. Исто така, по извршено алкотестирање, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а и член 383 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебарчанец возел пијан па физички ги нападнал…

Лишен од слобода дебарчанец, управувал возило под…

Туск: Мировни преговори во Будимпешта? Украина еднаш…

Полскиот премиер Доналд Туск остро ја критикува…

Академски пленум на Србија: Полицијата веднаш да…

Академски пленум на Србија остро го осудува…

Големи загуби ги погодија криптовалутите: трговците со…

Биткоинот и етерот опаднаа додека трговците истовремено…

Мајка на загинат 25-годишен во Чаир: „Ако…

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Чириковиќ,…