Дебарчанец возел пијан па физички ги нападнал полициските службеници
Лишен од слобода дебарчанец, управувал возило под дејство на алкохол, физички нападнал полициски службеници и кај него бил пронајден пиштол
На 19.08.2025 во 01:20 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.Р.(45) од Дебар. Полициски службеници го забележале лицето како управува патничко возило „фолксваген џета“ со национални ознаки на САД со чкрипење на гумите и нагло зголемување на брзината. Откако го запреле возилото, тој физички ги нападнал полициските службеници и кај него бил пронајден пиштол. Исто така, по извршено алкотестирање, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а и член 383 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…