Дебела казна за ТикТок: Не успеал да ја заштити приватноста на децата
Европски регулатор ја казни платформата ТикТок со 368 милиони долари поради неуспехот да ја заштити приватноста на децата, што е прв пат популарната апликација за споделување видеа да биде казнета поради кршење на строгите европски прописи за приватност на податоците.
Ирската комисија за заштита на податоците, водечкото регулаторно тело за големите технолошки компании со своето европско седиште во Даблин, соопшти дека го казни ТикТок со 345 милиони евра и ја опоменува платформата за прекршувања кои датираат од втората половина на 2020 година.
Истрагата откри дека процесот на пријавување за тинејџерите корисници бил таков што нивните сметки автоматски биле јавно објавени во поставките, дозволувајќи им на секој да ги гледа и коментира нивните видеа. Во поставките каде што такво нешто автоматски се одобрува, тоа претставува ризик и за деца под 13-годишна возраст кои добиле пристап до платформата иако не им е дозволено.
Исто така, опцијата „семејна врска“ направена за родителите да управуваат со поставките не е доволно строга и им овозможува на возрасните да вклучат директни пораки за корисници на возраст од 16 и 17 години без нивно одобрение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Макрон одби да ѝ се обрати на…
Францускиот лидер Емануел Макрон нема да се…
Герапетритис: Патот на Северна Македонија кон Европа…
Одлуката на државното и политичкото раководство на…
Медведев: Повторно оживеа фашизмот во Европа
Русија спроведува специјална воена операција за целосно…