Деверот на пратеничката Златеска од ВМРО-ДПМНЕ назначен за командир на ПС Македонски Брод

Деверот на пратеничката Бисера Златеска од ВМРО-ДПМНЕ е назначен за командир на ПС Македонски Брод, велат извори на Инфомакс. Златески е назначен за командир на 21 март, во денови на жалост, а иако прашање за назначувањето беше поставено уште истиот ден, од МВР дури денес стигнаа да ни одговорат.
МВР потврди дека Жарко Златески е назначен за командир и тоа со наредба, не со одлука на Советот на Општината.
– Ве известуваме дека полицискиот службеник Жарко Златески од 21.03.2025 година со Наредба е назначен за командир на ПС Македонски Брод, стои во одговорот од МВР.
Согласно Законот за полиција, командир назначува Советот на Општината.
– Командирот од ставот (1) на овој член се избира со мнозинство гласови од вкупниот број советници од страна на советот на општината во којашто е сместена полициската станица од општа надлежност на Министерството (во натамошниот текст: советот на засегнатата општина), од листа која содржи најмалку тројца кандидати, предложена од страна на министерот, меѓу кои барем еден кандидат припаѓа на заедницата која е во мнозинство во тие општини.
(4) Ако советот на засегнатата општина не избере ниту еден од предложените кандидати во рок од 15 дена од денот на доставувањето на листата, министерот ќе предложи втора листа која содржи најмалку тројца нови кандидати, меѓу кои барем еден кандидат припаѓа на заедницата која е во мнозинство во тие општини.
(5) Ако и по спроведувањето на постапката од ставот 4 на овој член советот на засегнатата општина повторно не избере ниту еден од предложените кандидати во рок од 15 дена од денот на доставувањето на листата, министерот по консултација со Владата, ќе го избере командирот на полициската станица од општа надлежност од двете листи на кандидати предложени од министерот, како и тројца дополнителни кандидати предложени од страна на советот на засегнатата општина.
Министерот го задржува овластувањето за разрешување на командирот на полициската станица од општа надлежност, во согласност со овој закон. – стои во членот 24 од овој закон.

Инфомакс претходно пишуваше за низа вработувања и директорски функции кои ги добиле членовите на семејството на Златеска.
Во продолжение повеќе детали за тоа кој задиректорила пратеничката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деверот на пратеничката Златеска од ВМРО-ДПМНЕ назначен…
Деверот на пратеничката Бисера Златеска од ВМРО-ДПМНЕ…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
За комитите од ДПМНЕ Илирида не е…
На денешната собраниска седница, владејачкото мнозинство си…
ДПМНЕ го демантира ВМРО од пред три…
Октоподите, бифтеците и папајата на ВМРО-ДПМНЕ изгледа…
Мицкоски си најде оправдување: Нема да има…
На претстојните локални избори кои треба да…