Девет лица се затруле со храна – Затворена пицерија во Гостивар
Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната на пицеријата ресторан во Гостивар, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување по информацијата дека вчера девет лица со симптоми за труење со храна се примени во Болницата во Гостивар.
– Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица. На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица – посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, операторите и
потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел, како што велат, спречување на ризици од појава на можно труење со храна.
Во функција е ставена бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22
каде може да се пријави секој сомнеж поврзан со безбедноста на храната. Претставка граѓаните може да поднесат и лично во Агенцијата, или во нејзините подрачни единици, како и електронски на [email protected].
Вкупно девет лица вчера биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС: Огромна колона на наплатната станица „Гостивар“
Голема гужва има на наплатната станица „Гостивар“…
Истрага против тројца браќа за убиство од…
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…
Нови детали за убиството во гостиварско: Во…
Денес во 17.15 часот во СВР Тетово…
Гостиварец паднал од балкон
Вчера во 12.40 часот во СВР Тетово…
Девет лица се затруле со храна –…
Од страна на инспекциските служби времено е…