Девојче е првото бебе во Штип

t

Андреја е првото новороденче кое се роди во штипската Клиничка болница. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на болницата, Владко Захариев, денеска ги посетија Андреја и нејзината мајка.

Раководителката на Одделението на гиникологија и акушерство при Клиничка болница -Штип, Станка Јаневска – Велкова истакна дека бебето има три килограми и 550 грама и 49 сантиметри.

– Се роди неколку сеукнди само по полноќ и сме многу среќни сите заедно со Андреја. Да е жива и здрава, голема да расте, рече Јаневска – Велкова.

Таа истакна дека минатата година ја имаат завршено со 418 раѓања, а бројката е намалена како во сите други родилишта. Желба ѝ е на родилките да им се врати довербата во државните родилишта.

Штипскиот градоначалник посака оваа година да има многу новороденчиња, кои ќе означуваат нова надеж, нов живот и напредок во општина Штип.

– На нашите сограѓани им посакувам успешна, среќна и бериќетна нова година. Во оваа година да имаме многу развој во нашиот град. Нека малата Андреја биде поттик за напредок и бериќетна 2025 година, изјави Јорданов.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Захариев порача оваа година да биде со повеќе рожби, а граѓаните да имаат помалку нервози.

За лекарите и медицинскиот персонал, новогодишната ноќ поминала вообичаено, без случаи со алкохолизирани граѓани, а имале интервенции на повредени лица во сообраќајни несреќи со полесни повреди.

Инаку, подобрени и посовремени услови има за родилките и нивните новороденчиња на Одделението за гинекологија и акушерство каде има и два нови апартмана, а по Божиќ ќе се реновира и тоалетот. Годинава, се очекува доекипирање и на лекарскиот кадар, со враќање на две лекарки од породилно боледување и со нови лекари – специјализанти, за кои постои најава за вработување од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вие го запаливте пламенот спремете се за…

Вечерва во Штип се одржа марш. Младите…

(Видео) Мирен марш во Штип во чест…

Штипјани и вечерва во огромен број се…

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Забрана за користење дронови на територијата на…

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана…

Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во…

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65)…