Објавено на:

Деканката од Ниш излезе од болница: Претседателот на Србија ми извади нож!

t

Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ е пуштена од болница откако денеска беше нападната со нож на собир на студенти и други граѓани пред протестот. Како што изјавила таа, во болницата ја добила сета потребна медицинска нега.

„Доживеав голем стрес, уште фали да не сечат на парчиња, не знам што е следно. Нема потреба вака да се зголемуваат тензиите, а знаеме кој ги шири, а овој пат обвинувам само една личност, таа ми извлече нож, а тоа е претседателот на оваа држава“, рече Јовановиќ.

За потсетување, соопштено е дека е приведена жената која ја нападна деканката, а засега се работи за непознато лице кое, според очевидци, и се заканувало и рекла дека ќе и фрли киселина.

Таа подоцна извадила нож и наводно ја прободела деканката во дланка. Присутните граѓани и студенти успеале да ја одбранат и да ја однесат во блиската обложувалница пред да дојде полицијата и брзата помош.

Српските медиуми пишуваат дека нападот доаѓа само неколку дена откако самиот претседател Александар Вучиќ ја нарече Јовановиќ „криминалец“ и дел од „тројката на злото“.

Деканката Наталија Јовановиќ беше меѓу првите кои ги поддржаа студентските протести кои со месеци се одржуваат низ Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…