Делегацијата на ЕУ ја поздравува лидерската средба Ковачевски – Мицкоски: Втора меѓувладина конференција веднаш по уставните измени
Интеграцијата на Македонија во ЕУ е главна задача која бара единство и интензивна соработка низ политичкиот јаз, особено во парламентот, велат од Делегацијата на Европската Унија во земјава за „Локално“, коментирајќи ја актуелната политичка ситуација, особено после одржувањето на лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Оттаму го поздравуваат седнувањето на иста маса на двајцата политички актери, но не сакаат да навлегуваат во детали за тоа што било разговарано на средбата, како и за предлозите и условите што произлегоа од неа.
-Потребен е и пристап на целото општество на чело со Владата, но поддршка за европската реформска агенда од сите политички чинители, институции, граѓанското општество, бизнисот и медиумите. Затоа, секогаш ги поздравуваме средбите меѓу различни политички играчи. Сепак, не би ги коментирале внатрешните дискусии, истакнаа од Делегацијата на ЕУ.
Од Делегацијата излегоа и со коментар за уставните измени, односно кога би била свикана Втората меѓувладина конференција. Ова следува по барањето на првиот човек на опозицијата дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе гласаат за уставни измени, но тие да бидат со одложено дејство, односно да се донесат сега, а да важат од моментот на влез на земјата во Европската Унија.
-За уставните измени, јасни се заклучоците на Европскиот Совет од јули 2022 година. Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите за пристап, Советот, исто така, одлучи, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, да свика уште една Меѓувладина конференција со цел да се претстави рамката за преговори и состојбата на подготвителните работи од страна на Европската Комисија и е подготвена да ја одржи без дополнителни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, стои во реакцијата на Делегацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…
Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…
„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…