Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски
По повод 18-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.
„Покојниот Борис Трајковски претставува една светла фигура од современата македонската историја. Тој силно веруваше во Македонија и нејзината иднина. Дома и во светот ќе остане запаметен како човек кој силно се бореше за мирот и стабилноста не само на Македонија, туку и на целиот регион. Неговата љубов кон Македонија и кон народот, но и неговите морални и професионални принципи беа и ќе останат пример за тоа како со силна волја и посветеност се премостуваат сите предизвици и се решаваат проблеми во духот на европските и демократските вредности.
Во овие тешки и мрачни времиња, визионерството на Трајковски треба да биде ѕвезда водилка во решавањето на секаков конфликт. Разумот и разбирањето се основата на дијалогот кој секогаш води до целта, а тоа е мирот и просперитетот. Борис Трајковски е симболот на овој дијалог меѓу различните луѓе, меѓу различните религии, култури и цивилизации.
Вечна да е славата на Борис Трајковски.
Вечен нека е споменот на неговото дело“, стои во нивното соопштение до јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Каранфилова Пановска: Основани се сомнежите дека бегството…
Факт денеска е дека Артан Груби не…