Делчево ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

t

Општина Делчево ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

По тој повод, за животот и делото на Гоце Делчев реферат подготвија членови на КУД „Гоце Делчев“, а пред споменикот на Делчев во центарот на градот се поклонија и цвеќе положија: делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, како и претставници од институциите, политички партии, здруженија на граѓани.

Во рефератот членови на КУД „Гоце Делчев“ зборуваа за предизвиците со кои се соочувал големиот револуционер прикажувајќи ја важноста на неговото дело за македонската кауза.

Во својата честитка градоначалникот на Делчево Горан Трајковски додаде дека како следбеници на ликот и делото на Делчев, Општината ги промовира неговите заложби сите заеднички работејќи во изградба на Делчево во град кој е достоен носител на неговото име.

-Денеска го чествуваме денот на раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба и патронот на Делчево одбележувајќи 153 години раѓањето на Гоце Делчев. Во таа чест се поклонуваме пред Делчев и достоинствено оддаваме почит на неговиот лик и дело. Како следбеници на ликот и делото на Делчев ги промовираме неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град достоен носител на неговото име. Делчев е револуционерот кој обединува, а не разединува, истакна Трајковски, додавајќи дека Делчев е лик од кој треба да учиме како да ја сакаме и да ја градиме нашата општина и нашата држава, а учејќи од него, продолжуваме по патот на прогресот, градејќи достоинствена македонска држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

Делчево ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на…

Општина Делчево ја одбележа 153-годишнината од раѓањето…

Маж изгоре во пожар во куќа во…

Триесет и шестгодишен маж го загуби животот…

Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и…

АМСМ соопшти дека на два километра пред…

71-годишен маж од Делчево нападнал дете

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Р.(71)…