Дел од запленетиот имот на Мијалков ставен на лицитација, јавно наддавање на 25 август
Два стана во Охрид, земјиште кај Морани, плац на Кожуф се дел од имотот кој е запленет од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. По продажбата на акциите, Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас и за продажба на дел од неговиот недвижен имот којшто му беше запленет во случајот „Империја“.
Се продаваат два стана во Охрид, едниот од 46 (+19 помошни простории) метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234,38 милиони денари, а другиот од 58 (+ 56 ПП) метри квадратни во истата зграда, проценет на 9.032.505 денари.
Се продава и земјиште од 56.818,07 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари.
Се продава и плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686, 97 денари.
Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во судница на судењето на „Плацеви…
Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…
Миjaлков и неговите адвokaти позитивни на кopoнавирусот…
Поранешниот директор на Управата за безбедност и…
Жecтока рeaкција на Комерцијална на нeбyлозите на…
Апелациониот суд донесе одлука со којашто го…
Ова го нема ни во Африка: Адвокaтитe…
Одбраната на ексшефот на УБК „удри“ и…
Михајло Маневски го наречеч Маричиќ cлeпец: Треба…
Денови подоцна се уште не стивнуваат реакциите…