Жecтока рeaкција на Комерцијална на нeбyлозите на Јовевски: Јавното oбвинтeлcтво уште лани во мај ја прифатило гapaнцијата на Миjaлков, а Комерцијална ги прифатила барањата на државата

t

Апелациониот суд донесе одлука со којашто го ослободи поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, а не Комерцијална банка, реагираат од банката откако во јавноста се отвори дебата како банката и дала предност на државата на дел од имотот што го даде Мијалков како гаранција и по интервјуто на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во кое тој изразува сомнеж на согласноста што ја дала банката.

–По барање на Бест Веј како хипотекарен должник за гаранцијата за Сашо Мијалков, а и по барањата на Обвинителството, во два наврати, во мај и во октомври 2021 година, Комерцијална банка само се согласи државата да има прв приоритет над понудениот имот (наместо приоритетот на Комерцијална банка) и Комерцијална банка да стане доверител од втор ред.

На товар на тоа што одобри државата да има прв приоритет, Комерцијална банка од хипотекарниот должник побара и доби ново дополнително обезбедување во хартии од вредност (акции) и градежно земјиште, објаснуваат од банката.

Тие го демантираат тврдењето на Јовески дека Обвинителството во целата постапка што се водела за понудената гаранција зазело цврст став да не се прифати понудената гаранција.

-Едноставно, ова воопшто не е точно. Впрочем, уште во мај 2021 година, Обвинителството се согласи да ја прифати понудената гаранција.

Всушност, Обвинителството го прифатило понудениот имот со прв приоритет на државата како гаранција. Доколку денес извадите имотни листови од Катастарот за понудените недвижности и опрема, ќе видите дека државата е запишана како доверител од прв ред, а Комерцијална банка од втор ред и затоа сега нема потреба од никакви замајувања и дезинформации, додаваат од банката.

Тие реагираат и на тоа што Обвинителството прво побарало од Комерцијална да даде согласност државата да биде доверител од прв ред. – А кога Комерцијална банка ја издава таа согласност, тогаш Државниот јавен обвинител бара Народната банка да испита дали некој во Комерцијална банка излегол вон рамките на своите службени овластувања. Навистина мора да се признае дека ова делува „шашаво“, а дали ќе функционира – ќе видиме, порачуваат од банката.

Според нив, ваквата специфична согласност за давање приоритет во хипотеките е предмет на редовно работење и законска надлежност на Банката.

–Одлуката за одобрување прв приоритет на државата, согласно Кредитната политика и овластувања на Комерцијална банка, е предложена од Секторот за кредитирање на стопанството, одобрена од сите надлежни нивоа на одлучување (Управниот одбор, Кредитниот одбор, Одборот за управување со ризици) и на крај потврдена и од Надзорниот одбор на Банката како орган со најголеми кредитни овластувања, по што е издадена соодветна Изјава–Согласност од страна на надлежни лица од Секторот за кредитирање на стопанство и Секторот за правни работи. При тоа, ниеден службеник не излегол вон рамките на своите службени овластувања, потенцираат од банката.

Фокус претходно побара одговор од Комерцијална банка зошто банката се откажала од хипотеката, но во одговорот од банката тврдат дека тие не се откажале од хипотеката, туку само дале согласност државата да има прв приоритет во случај не бегство.

–Комерцијална банка во овој случај, кој што е редок од ваков вид, не се има откажано од хипотеката, туку само дозволи државата да има прв приоритет на хипотеката единствено во случај на бегство. Основен критериум во ваков случај е дали Банката има во хипотека и друг имот кој би бил доволен за да се намират нејзините побарувања, се вели во одговорот на банката до Фокус.

Од Народната банка пак за Фокус одговорија дека во овој случај ќе постапуваат согласно со своите законски надлежности како супервизорски орган на банките.

Минатата недела Апелацискиот суд донесе одлука Мијалков да се брани од слобода откако неговата одбрана поднесе жалба на решението да му биде одреден притвор за „Плацевите на Водно“.

Претходно Мијалков на неколку часа доби слобода откако Апелација му ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра и го ослобди од притвор за случајот „Трезор“. Но, Обвинителството веднаш побара да му биде одреден притвор за другиот предмет „Плацеви на Водно“. Сепак, Апелација повторно го ослободи и Мијалков од пред Нова Година правосилноста на двете пресуди за масовното прислушување и за „Трезор“ ги чека на слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР со реакција во врска со прескапата…

Во врска со набавката за возила за…

Град Скопје со реакција на прес-конференцијата на…

Пред да се дрзнат со изнесување на…

Колумна на Трифун Костовски: Комерцијална банка

Актуелните политички збиднувања несомнено влијаат да се…

Сашо Тасевски до СДСМ: Мисири едни, ќе…

Актерот Сашо Тасевски со своја реакција за…

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…