Демант на соопштение: Мицкоски во нервоза и немоќ изнесува невистини за Дрисла

t

Од ЈП “Дрисла” ги демантираат обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека во дрисла се изнесува бакар како отпадно железо.

– Ја разбираме нервозата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради губењето на контрола врз градските јавни претпријатија, и губењето на можноста преку свои директори од парите на скопјани да се вработува без контрола и да се обидуваат да прават бизниси.

ЈП “Дрисла” за само девет месеци раководство на директорот на Мицкоски, е оставено со долг од 100 милиони демари, а во истиот период во претпријатието ангажирале без срам нови 30 лица без никакви критериуми. Ако од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да зборуваат за грабеж во претпријатието, тогаш, резултатите од ревизијата на работењето на нивниот директор ќе бидат јавно достапни и со можност за соодветна пријава.

Истовремено бараме од ВМРО-ДПМНЕ во рок од 48 часа да се извинат за изнесената лага, во спротивно кажаното ќе мора да го докажат пред надлежниот суд, реагираат од ЈП “Дрисла”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…