Демократија? Казни од 1.000 швајцарски франци за носење бурка во Швајцарија!
Швајцарскиот парламент усвои закон со кој се забранува покривање на лицето, вклучително и бурка, муслимански женски вел што го покрива телото од глава до пети, а пропиша и парична казна од 1.000 швајцарски франци (1.040 евра).
Законот за „забрана на бурката“ беше одобрен од Горниот дом на парламентот, локално познат како Националрат, со 151 глас за и 29 против.
Швајцарската федерална Влада најави референдум за ова прашање во 2021 година, а тогаш за забраната за носење бурка гласаа 51,2 отсто од граѓаните, додека против беа 48,8 отсто.
Новиот закон забранува покривање на лицето на јавни и приватни места достапни за пошироката јавност на таков начин што цртите на лицето не можат да бидат препознаени.
Постојат неколку исклучоци од забраната, вклучувајќи верски служби, стари традиционални обичаи, театарски претстави и превез од здравствени или климатски причини.
Франција и Белгија беа првите земји во Европа кои во 2011 година ја забранија бурката на јавни места, а потоа следеа Бугарија во 2016 година, Австрија во 2017 година и Данска во 2018 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…
Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…
Володин: Конференцијата во Швајцарија нема никаква смисла,…
Одреден број пратеници на украинската Врховна рада…
(Видео) Сиљановска не знае колку чинело патувањето…
Претседателката Сиљановска Давкова не знае колку чини…
Евровизискиот победник Немо најави европска турнеја, но…
Швајцарецот Немо кој победи на овогодинешната Евровизија…
Силен земјотрес во Швајцарија
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според…