Швајцарија ги прекинува програмите за развојна помош за Албанија
Швајцарската влада ги прекина програмите за развојна помош за Албанија, Бангладеш и Замбија, но средствата за поддршка на Украина ќе останат непроменети, пренесува Политика.
Таа одлука доаѓа откако парламентот во декември одвои помалку средства за странска помош отколку што бараше владата, се вели во соопштението на швајцарската влада, а пренесува Swiss info.
Забележано е дека Швајцарија, како и другите богати нации, се бори со намален буџет за странска помош, бидејќи војната во Украина принудува ресетирање на нејзините приоритети.
Парламентот го намали за 110 милиони швајцарски франци (околу 110 милиони евра) буџетот за меѓународна соработка за 2025 година и 321 милион швајцарски франци од финансискиот план за периодот од 2026 до 2028 година.
„Овој потег влијае на билатералната, економската и тематската соработка, како и на мултилатералните организации“, се вели во соопштението.
Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) ќе ги заврши билатералните развојни програми со Албанија, Бангладеш и Замбија до крајот на 2028 година.
„Од 2025 до 2028 година ќе следат широки кратења за државните и тематски програми и организации. Сепак, хуманитарната помош, градењето мир и помошта за Украина ќе останат непроменети“, се заклучува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…