Демократскиот сојуз бара оставки од сите членови на Судскиот совет

t

Демократскиот сојуз бара членовите на Републичкиот судски совет да поднесат оставки поради случувањата во Советот, но пред сѐ поради некредибилниот судски систем, недовербата на граѓаните во судиите (само 3 отсто од граѓаните имаат доверба во судиите), како и намерното застарување на голем број тешки судски предмети, сомнежите за корупција од големи размери и целосната парализа на владеењето на правото и правниот систем, реагираат денеска од ДС.

-По констатирањето на оставките да започне постапка за избор на нови членови на Републичкиот судски совет. Демократскиот сојуз инсистира и на ревизија на работата на сите судии, како и укинување на Уставниот амандман (Амандман XXVII) со кој судиите се изземаат од кривична одговорност при донесување судски одлуки и преиспитување на трајниот мандат на судиите. Со оставките ќе се направи мал чекор кон започнување на неопходните коренити реформи во судството, но и во правосудниот систем во целина, велат од ДС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош…

Советниците од Општина Карпош, кои живееле во…

ЕУ и САД исплашени: Заедничкиот настап на…

Неодамнешната заедничка изјава, усвоена од Русија и…

Арсовска: Во Град Скопје се формираше совет…

Денеска во Град Скопје се формираше Советот…