Денеска завршни зборови за случајот “Софтвери”

t

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска е предвидено одбраната на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да даде завршни зборови за случајот „Софтвери“ во кој Рашковски е обвинет за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Според обвинението, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска завршни зборови за случајот “Софтвери”

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска е…

Обвинителката бара на Рашковски да му се…

Судот да ги осуди обвинетите на казни…

Сослушани сведоци за “Софтвери”: Добивавме насоки од…

Во Основниот кривичен суд Скопје, на предлог…

(Во живо) Референдум за влез на Македонија…

Јанко Илковски во втората сезона на Тешки…

(Видео) УМС со урнебесна акција: Рашковски е…

"Денес, во центарот на Скопје како УМС…