(Видео) УМС со урнебесна акција: Рашковски е во криза, сакаме да му помогнеме

t

“Денес, во центарот на Скопје како УМС на ВМРО-ДПМНЕ поделивме мекици на случајни минувачи.

Со оваа наша акција сакаме да помогнеме на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија. Сега од кога повеќе не е на функција генерален секретар и од кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени.

Затоа прашуваме:

Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни?

Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје?

Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка Доџ?

Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип Волво?

Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, Хонда и Кавасаки?

Ова се само мал дел од работите кои наводно Рашковски ги стекнал од родендени, крштевки и мекици.

Имајќи предвид дека парите на сметките на неговите блиски беа од делење мекици, сега ние, „собраните средства“ ќе ги уплатиме исто на тие сметки, па да се надеваме дека со овој мал придонес ќе успееме да ги надополниме сметките на неговите најблиски за неколку милиони денари.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ строго го осудува секое криминално работење, стекнување без основ и богатење од парите на граѓаните! Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залагаме за да спречиме секаков вид на криминал, како и никогаш повеќе расипничкото владеење на СДСМ!” велат од УМС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јанески: Младите да не се лажат…

Младината на Левица и Левица како партија…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ давале по 50 евра за…

Поранешен претседател на УМС во Струга му…

(Видео) Филмска акција на МВР: Запленета дрога…

На 14.04.2023 полициски службеници од Одделот за…

Ни едно македонско знаме, или знаме на…

Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристиан Јандриоски, на Фејсбук…

Не ги вработувале од партија, затоа младите…

Во Франција деновиве има големи протести поради…