Денеска на Еуро 2024: Да ја видиме моќта на Франција, но и Белгија и Украина
Во новиот ден на Европското првенство во Германија, денеска не чекаат уште три меча од првата рунда во групната фаза на шампионатот. Вечерва сите погледи ќе бидат кон Дизелдорф, каде својот прв меч на првенството ќе го има еден од најголемите фаворити за освојување на златото, фудбалската репрезентација на Франција.
Ѕвездениот тим на Дидие Дешамп денеска на првиот тест ќе се сретне со непредвидливата Австрија. Австрија игра многу стабилно од назначувањето на Ралф Рангник за селектор во 2022 година. „Галските петли“, пак, стигнаа до финалето во три од последните четири настапи на големите првенства. Тешко дека е заборавена болката од губењето на финалето на Светското првенство пред две години од Аргентина , но многу од играчите беа и дел од тимот кој потфрли на Евро 2020, кога тимот на Дешам беше елиминиран од Швајцарија во осминафиналето.
Австрија по четвртипат учествува на зваршницата на едно ЕП и ќе се обиде да ја подобри својата статистика против Франција, бидејќи има само една победа во последните 10 меѓусебни средби.
Денеска програмата се отвара со мечот во Минхен, каде ќе гледме едно источно-европско дерби меѓу Романија и Украина. Украинците се благ фаворит, но тоа ќе мора да го потврдат на теренот.
Во мечот од 18 часот, Белгија се среќава со Словачка во позиција на голем фаворит.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА
ГРУПА „Е“
15.00 Романија – Украина (Минхен)
18.00 Белгија – Словачка (Франкфурт)
ГРУПА „Д“
21.00 Австрија – Франција (Дизелдорф)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски за поплавите во Стајковци: Плачот на…
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски…
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
Студентите демонстранти бараат нобеловецот од Бангладеш да…
Студентските демонстранти од Бангладеш денеска најавија дека…
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…