Денеска не излегувајте од дома – температурите ќе се искачат над 40 степени
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран од југ до сабота времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.
В петок максималната температура ќе се движи од 37 до 42 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска не излегувајте од дома – температурите…
Времето денеска ќе биде претежно сончево и…
Проф.Јованов: Пет потрошувачки кошнички –млатење празна слама
Универзитетска професорка Тамара Јованов реагираше преку објава…
Белата куќа го казни „ Wall Street…
Белата куќа му забрани на „Волстрит џурнал“…
Бебе се роди во амбулантно возило на…
Во раните утрински часови, на пат кон…
„Е*и го Џорџ Клуни и сите околу…
Во интервјуа објавени една година откако Џо…