Проф.Јованов: Пет потрошувачки кошнички –млатење празна слама

t

Универзитетска професорка Тамара Јованов реагираше преку објава на социјалните мрежи на најавата од Владата дека ќе креира пет различни потрошувачки кошнички, наменети за различни типови домаќинства – самци, парови, пензионери, млади и неколкучлени семејства.

„Небаре тоа ќе ги зголеми примањата на тие групи луѓе или ќе ги намали цените во маркетите!?“, прашува Јованов, оценувајќи ја мерката како обид за манипулирање со статистика, без никакво вистинско влијание врз животниот стандард.

Според неа, ваквите најави се класичен пример на „млатење празна слама“, при што властите создаваат илузија дека работат нешто суштинско, додека реално продолжуваат процесите на сиромашење.

„Да им каже некој дека на народот му требаат реални мерки, за да може да јаде – а не уште една злоупотреба на статистиката за празни муабети во етер“, потенцира Јованов.

Таа укажува дека без директно решавање на проблемите со високите цени на храната и ниските примања, ваквите пресметки се само „шминка“ за јавноста.

„Или нека ни објаснат како новите кошнички ќе им овозможат на луѓето да се хранат здраво, со три оброка на ден, кога цените ги диктираат картелите, а платите се пониски од егзистенцијалниот минимум?“, прашува Јованов.

Во нејзината објава се критикува и односот на државата кон различните социјални групи:

„Што, некои групи немаат потреба од здрава и квалитетна исхрана? Едни нека живеат на леб и заби, а други на бифтек и аспарагус?“, алудирајќи на милионските набавки со егзотична храна кои ги прави владата за сопствени потреби.

Според неа, ваквите „мерки“ се само параван зад кој се продолжува со заштита на интересите на олигарсите и економските картели.

„Сѐ ќе се смисли, само да не им се стави крај на кражбата. Народот кој го шиша – и така ги гласаат за трошки, па затоа и трошки му сервираат“, заклучува Јованов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…