Денеска се празнуваат Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск
Му беа другари на Св. Теодор Тирон. Кога славниот Теодор славно и умре, тие останаа во затворот после него и уште долго не беа осудени, зашто се обавуваше смената на царскиот намесник во градот Амесија. Кога стигна новиот намесник, уште понечовечен од својот претходник, нареди и му ги изведоа овие тројца.
Сите беа млади, Клеоник и Евтропиј беа родени браќа, а Василиск му беше роднина на Св. Теодор. Но според братската љубов меѓу нив како да беа тројца браќа. Така му рекоа и на намесникот: „Како што Света Троица е неделлива така и ние сме неделливи во верата и неразлачни во љубовта“. Сите ласкања на намесникот и сите обиди да го поткупи Евтропиј беа залудни. Тој прво го покани Евтропиј на вечера, но Евтропиј го одби со зборовите на Псалмот:
„Блажен е оној човек кој не оди на совет безбожнички“ (Пс. 1, 1). Потоа намесникот му понуди и огромно богатство – сто и педесет литри сребро – но Евтропиј и за ова го одби потсетувајќи го дека Јуда за сребро си ја изгуби душата. После сите обиди, малтретирања и мачења Евтропиј и Клеоник беа осудени на смрт со распетие, а Василиск го убија со меч. Му благодареа на Бога Којшто ги удостои да заминат во радоста на Неговото Царство, во кое му тргнаа во пресрет на својот војвода Св. Теодор, прославен од Христа, Господ и Победникот. Чесно пострадаа во 308 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Светите маченици Евстратиј, Аксентиј,…
Овие петмина храбри мажи светнаа како пет…
Денеска се празнува Свети Спиридон Чудотворец
Место на раѓањето и на службата на…
Денеска се празнува Преподобен Даниил Столпник
Роден е во селото Витара кај градот…
Денеска се празнуваат Светите маченици Мина, Ермоген…
Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата…
Денеска се празнува Преподобен Патапиј
Роден е и воспитан во верата и…