Денес е Василица – Никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги
Според обичаите во еден дел од Македонија, на овој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, а некаде се практикува и палење оган кој треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.
По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики, познат и како Василица, односно Стара нова година.
Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Бил роден во Кападокија, а завршил школо во Атина.
Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Починал на 14 јануари во 379 година.
Реклама
denes-e-vasilica-nikako-ne-se-karajte-zoshto-cela-godina-kje-ve-sledi-baksuz-i-kavgi-02.jpg
Според обичаите во еден дел од Македонија, ден претходно, но и на овој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, а некаде се практикува и палење оган кој треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.
Според теолозите, пак, во житието на Свети Василиј е запишана причината зошто сега, а не за Бадник, се дели лепче со паричка.
„Во времето кога Свети Василиј Велики станал архиепископ кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.
Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да ги донесат сиот свој накит и златници.
Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и одбил да земе што било, ниту пак го ограбил градот.
Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на новогодишната вечер, не знаејќи што кому му припаѓа. Тогаш, просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лепчиња за секој верник.
Во секое лепче ставил малку накит и златници. На денот на Нова година, кога сите луѓе дошле в црква, тој на секој му дал по едно лепче.
Тоа што секој го нашол во лепчето било токму тоа што претходно го дал“ – пишува во житието за свети Василиј.
На овој ден (и деновите што му претходат) во неколку градови низ Македонија се организираат василичарски карневали.
Нивното одржување се поврзува со испраќањето на Старата година и дочекот на Новата, за која се верува дека треба да биде подобра и посреќна.
Но, со овој ден се врзани и неколку верувања:
Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат.
Во минатото домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.
Ако на овој ден падне снег или е облачно, годината ќе биде плодна, а сувото време се верува дека носи суша.
Денеска никако не се смеете ни да се карате зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.
На 14 јануари именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес е Василица – Никако не се…
Според обичаите во еден дел од Македонија,…
Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран…
САД ќе реагираат „многу решително“ доколку иранските…
Трамп му се закани на премиерот на…
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен изјави дека…
СДСМ: Сите што ќе одат на средба…
Соопштение за јавност на СДСМ: Сите што…
Издадена 10-та еврообврзница – Македонија се задолжи…
Македонија се задолжи за една милијарда евра.…