Денес пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Бојмацалиев за време на посетата на ОВР Ресен информираше дека денес пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти.
Бојмацалиев за време на посетата на ОВР Ресен информираше дека денес пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти.
Бојмацалиев сугерираше дека е информиран од Управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак се уште од страна на кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи.
„Бројката на неодбрени документи стига над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам и писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем.“, потенцираше Бојмацалиев.
Бојмацалиев и Тасевски ги посетија вработените во реконструираните простории на управните служби во ОВР Ресен, каде што беше констатирана одличната работа во процесот на промена на личните документи на граѓаните.
„Од вработените без информирани дека имаат одлични услови за работа. Нема поголеми гужви и се одвива тековно и во нормални услови.“, потенцираше Бојмацалиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…