Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

t

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните. При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин.

Во близината на Халкидон го убија Северијан, а Агатоник и останатите беа одведени во Тракија, во местото Силиврија, каде после мачења беа убиени со меч и влегоа во радоста на својот Господ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…