Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија

t

Сите овие беа војници во римската војска, но цврсто веруваа во Господ Иисус Христос. Кога настана гонење, во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова војводата им нареди на слугите да ги каменуваат овие светии. Но кога слугите фрлаа по нив камења, камењата се враќаа сами и паѓаа врз тие што ги фрлаа, па луто ги изудираа. Еден камен му падна на војводата в лице и му ги скрши забите. Мачителите, лути како ѕверови, ги врзаа светиите и ги фрлија во тамошното езеро и поставија наоколу стражари за ниеден да не излезе од водата. Имаше силен мраз, езерото мрзнеше околу телата на мачениците. За да бидат маките посилни, мачителите загрејаа и осветлија бања покрај езерото близу до страдалците, за тие гледајќи ја некако да се подлажат и да се одречат од Христа и да ги признаат римските идоли. И навистина, еден се опрелести, излезе од водата и влезе во топлата бања.

Но, ноќта падна една необична светлина од небото, па ја загреа водата во езерото и телата на мачениците, а со оваа светлина од небото се спуштија триесет и девет венци врз нивните глави. Ова го виде еден од стражарите на брегот, па се соблече, го исповедаше името на Господ Иисус Христос и влезе во езерото за и самиот да се удостои со четириесеттиот венец на предавникот. Врз него навистина слезе тој последен венец.

Утредента сиот град се изненади кога ги виде мачениците живи. Тогаш злобните судии наредија и ги претепаа, а телата им ги фрлија во водата за да не ги земат христијаните. На третиот ден светите маченици му се јавија на тамошниот епископ Петар и го повикаа да ги собере од водата и да ги извади нивните мошти. Епископот излезе ноќе по темнина заедно со својот клир и по водата видоа како светат моштите на мачениците. И секоја коска што беше одвоена од нивните тела исплива на површината и светеше како свеќа. Ги погребаа чесно. Нивните души отидоа кај Господ Исус, намачен за сите нас и воскреснат со слава. Чесно пострадаа и стекнаа непропадлива слава во 320 година. Нивните имиња се: Кирион, Кандид, Домн, Исихиј, Ираклиј, Смарагд, Евноик, Валент, Вивијан, Клавдиј, Приск, Теодул, Евтихиј, Јован, Ксантиј, Илијан, Сисиниј, Ангиј, Аетиј, Флавиј, Акакиј, Екдикиј, Лисимах, Александар, Илија, Горгониј, Теофил, Дометијан, Гај, Леонтиј, Атанасиј, Кирил, Сакердон, Николај, Валериј, Филоктимон, Северијан, Худоион, Мелитон и Аглаиј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски го одобрил планот за минирање на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првично го одобри…

Се помалку украински војници во регионот Курск:…

Непријателските сили во Курската област секојдневно се…

Поврат на пари од „Мој ДДВ“, чекајте…

Повратот на данок, во рамки на проектот…

Пожарот на Галичица се шири и кон…

Доброволците треба утрово да дојдат до планинарската…

(Видео) „Коњи брзајте“ – „Комити“ возвратија на…

Навивачката група на Вардар, Комити брзо одговори…