Десетгодишно дете прегазено на „Пластичарска“, починало на Ургентен, возачот избегал

t

Десетгодишно дете вчера попладне било прегазено на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ улица во Скопје. Возачот со своето возило марка „Мерцедес“ избегал од местото на несреќата, додека околните минувачи се обидувале да и помогнат на жртвата.

Неуспешен бил обидот и на Брзата помош да му ја поврати свеста на момчето, па откако е превезено во Ургентниот центар, лекарите констатирале смрт.

Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла дваесет и едногодишниот возач кој избегал од местото на несреќата, а сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазено дете во Тетово!

33-годишник вчера прегазил дете во Тетово. –…

Позитива на денот: Озан се родил на…

Во прегратките на своите родители, вчера по…

ПРЕГАЗЕНО Е ДЕВОЈЧЕ: Детали од сообраќајката вечерва…

 Малолетно девојче е удрено вечерва од возило…

Педофил допирал по телото малолетна штитеничка од…

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје,…

Десетгодишно дете прегазено на „Пластичарска“, починало на…

Десетгодишно дете вчера попладне било прегазено на…