Десетгодишно дете прегазено на „Пластичарска“, починало на Ургентен, возачот избегал
Десетгодишно дете вчера попладне било прегазено на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ улица во Скопје. Возачот со своето возило марка „Мерцедес“ избегал од местото на несреќата, додека околните минувачи се обидувале да и помогнат на жртвата.
Неуспешен бил обидот и на Брзата помош да му ја поврати свеста на момчето, па откако е превезено во Ургентниот центар, лекарите констатирале смрт.
Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла дваесет и едногодишниот возач кој избегал од местото на несреќата, а сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни последици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Енес Демири ослободен од обвинение за убиството…
Адвокатката Ивана Јакимовска соопштува дека нејзиниот клиент…
Петгодишно дете паднало од блакон, итно пренесено…
Петгодишно дете се здобило со повреди откако…
24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски…
На 23.12.2025 година во 15:10 часот во…
Голем пожар во продавница на „Пластичарска“
Во пожар кој зафатил продавница на „Пластичарската“…
Прегазено дете во Тетово!
33-годишник вчера прегазил дете во Тетово. –…