Десетпати повисока цена за м2 за одржување на дворно место ќе плаќаат штипјани од следниот месец
Трипати повисока цена за одржување за метар квадратен станбена површина и десетпати повисока цена за м2 дворно место, од следниот месец штипјани ќе плаќаат повисоки сметки кон ЈП „Исар“, поскапе одржувањето на градското зеленило, пренесува ТВ 24.
Според новоназначениот директор на штипски „Исар“, Кирил Зајков, се врши усогласување, а не зголемување на цената и истото го правда со двоцифрената инфлација, но и зголемувањето на минималната плата.
Зајков тврди дека на сметките на граѓаните ова ќе значи зголемување за околу шеесетина денари, меѓутоа жителите на Штип не го оправдуваат ваквото покачување.
Инаку, покачување имаше и на крајот на минатата година, кога имаше корекција на цената на надоместокот за собирање смет, и тоа за 110 отсто како поединечна ставка, или ако едно просечно семејство плаќало 1.000 денари сметка, со тоа би плаќало 1.080 денари, односно 1.140 денари со последното зголемување кое ќе започне да се имплементира од следниот месец.
Директорот Зајков е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставен од градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на позицијата директор на ЈП Исар, пред кратко време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за убиство за 33-годишник од Штип
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт…
Левица за новиот в.д директор на Центар…
Нов в.д директор на Центарот за Јавно…
Хаос во Штип: Масовна тепачка поради недоразбирање…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Т.(21),…
(Видео) Затвореник избегал од штипскиот затвор
Затвореник избегал од затворот во Штип, потврди…
Штипската библиотека без директор, вработените во неизвесност…
Од поделбата на политичкиот колач помеѓу Дпмне…