Дескоски: Кога се греши треба да се признае, изведено е осакатено дело со кратење на Гоце Делчев од “Во борба, во борба”

t

Професорот Тони Дескоски реагира на изјавата на дел од уметниците учесници во вчерашните културни настани во Крушево, дека пееле за 700 денари дневница и строфата од песната “Во борба, во борба” во која е “Гоце Делчев” и “фашистичката крв се лее” не се испуштени намерно.

“Кога ќе се згреши, грешката треба да се признае и да се понесе одговорност.

Никој не тврди дека уметниците насила пееле скратен текст, ниту пак дека таквото кратење е од вчера.

Едноставно, изведено е осакатено дело, во кое случајно е “испуштен” Гоце Делчев и борбата против фашизмот.

За сакатењето на песната се работи.”, напиша Дескоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: Ако умрам в…

Песната „Татунчо” е дел од збирката „Бели…

Русија откри нов начин за борба со…

Експерти од Воениот универзитет на Министерството за…

Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…

Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…

Професорот Дескоски за „Плацеви на Водно“: Cyдењето…

Професорот по право Тони Десковски сопруг на…