Добро утро со Инфомакс: Ако умрам в борба искри кај што л’штат, блазе речи на душата, има зошто душа да е!

t

Песната „Татунчо” е дел од збирката „Бели Мугри” на еден од најзначајните македонски поети, Кочо Рацин. Низ овој свој текст Рацин го предава патот на револуционерот, односно моментот кога работникот веќе настапува како активен борец за ослободување на поробениот народ.

Во неа е вткаен лајтмотивот дека оној кој се крева во борбата за слободата на својот народ, треба да се жртвува во сиот тоталитет.

Добро утро Македонци, во продолжение “Татунчо”

Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа не направив
со високи шишмир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце – порта највисока,
срце – куќа најширока.

Ако жена не донесов
ѓул-трендафил во одаја
верна, добра млада љуба –
не ме колни, не ме жали:
во борбата другарката
слнце сјае, слнце трепти!

Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосејав –
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше
„Ајдутин мајка не рани…”

И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што л’штат –
блазе, речи на душата –
има зошто душа да е!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…

Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…

Во време кога се врши атак врз…