Детали за акцијата на ОЈО ГОКК: Неофицијално приведен е в.д директорот на Платежна агенција!

t

Во акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал денес нешто после 13 часот, неофицијално, лишен е од слобода В.Д директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Наводно се работи за земање на мито од страна на директорот од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД. Дека директорот земал мито е констатирано со помош на одбележани пари.

Од МВР и ОЈО ГОКК ја потврдија акцијата.

– Полициски службеници во моментов вршат претреси на повеќе локации под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, стои во соопштението од МВР.

– Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, велат од ОЈО ГОКК и најавуваат детали во текот на утрешниот ден.

Стоилев е назначен за в.д директор во јули 2024 година, од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за акцијата на ОЈО ГОКК: Неофицијално…

Во акција на Министерството за внатрешни работи…

Се дели пропаганден материјал низ Злокуќани: Сомнежи…

Гледачи на Инфомакс алармираат дека во Злокуќани…

Полицајци упаднаа во домот на партиски активист,…

Рано утрово, полицијата упаднала во домот на…

„Фајненшл тајмс“ за новите партнери на Мицкоски:…

Светски познати медиуми како „Фајненшл тајмс“ во…

Битиќи: Ова е ребаланс за изборен поткуп,…

Овој ребаланс не е развоен и не…