Полицајци упаднаа во домот на партиски активист, му нашле пари спремни за изборен поткуп
Рано утрово, полицијата упаднала во домот на партиски активист во Велешко, кај кого се најдени пари кои наводно требало да ги даде како изборен поткуп.
„Денеска (18.10.2025) во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ. При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2 000 денари и еден мобилен телефон. Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес, а со Г.П. е извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…