Објавено на:

Детали за трагедијата во Охрид: Пронајдено безживотно машко тело кај хотелски комплекс

t

Вечерва, нешто пред 20 часот, кај рампата за влез во познат хотелски комплекс во Охрид било пронајдено безживотно машко тело, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, како и полициски службеници кои извршуваат увид. Според првичните, неофицијални информации објавени од порталот Охрид 1, на телото не се забележани траги на насилство, а идентитетот на лицето веќе е утврден.

Се работи за маж кој, според првични сознанија, имал здравствени проблеми, и се претпоставува дека смртта настапила како последица на срцев удар.

Од СВР Охрид ја потврдуваат информацијата и најавуваат дека подетални информации ќе бидат објавени утре, по завршување на целосната истрага и обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за трагедијата во Охрид: Пронајдено безживотно…

Вечерва, нешто пред 20 часот, кај рампата…

Полска ги подигна борбените авиони поради руска…

Полската војска ноќеска ги крена борбени авиони…

Екстремните временски услови ги зголемуваат цените на…

Од компири во Велика Британија до кромид…

Црвен аларм за високи температури денеска низ…

Цела Македонија е зафатена од екстремно високи…

Трамп одбележа шест месеци од преземањето на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера одбележа…