Детали за трагедијата во Охрид: Пронајдено безживотно машко тело кај хотелски комплекс
Вечерва, нешто пред 20 часот, кај рампата за влез во познат хотелски комплекс во Охрид било пронајдено безживотно машко тело, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, како и полициски службеници кои извршуваат увид. Според првичните, неофицијални информации објавени од порталот Охрид 1, на телото не се забележани траги на насилство, а идентитетот на лицето веќе е утврден.
Се работи за маж кој, според првични сознанија, имал здравствени проблеми, и се претпоставува дека смртта настапила како последица на срцев удар.
Од СВР Охрид ја потврдуваат информацијата и најавуваат дека подетални информации ќе бидат објавени утре, по завршување на целосната истрага и обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Магија на Јокиќ: Асистенција зад грб…
Во НБА лигата во тек се подготвителните…
(Видео) Најнеобичниот изборен инцидент: Граѓаните се „бореа“…
Необична сцена го одбележа изборниот ден во…
Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште
Жителите на Општина Сопиште добија современо мултифункционално…
Милиони млади под ризик: Дигиталните медиуми се…
Прекумерната употреба на дигитални медиуми кај младите…
(Видео) Крај на старата слика на Бит-пазар:…
Град Скопје започна со активности за уривање…