Детали од МВР: Приведени две лица за кражбата во „Донирај компјутер“
Две лица се приведени во врска со кражбата на компјутерската опрема од просториите на Здружението на граѓани „Донирај компјутер“.
– Станува збор за С.М., на возраст од 37 години од Кавадарци и А.А., исто така на 37-годишна возраст, од Неготино. При претрес во домот на С.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени шест лап-топ компјутери, делови за компјутер и друга компјутерска опрема, за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ сторено на 28 август во Здружение на граѓани на улицата „Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци, се појаснува во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Кај А.А. бил пронајден еден лап-топ компјутер за кој, исто така, постои сомнение дека потекнува од истото кривично дело и дека го купил од С.М..
Од МВР информираат дека се што е пронајдено ќе биде вратено кај сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
И основачот на „Донирај компјутер“, Борче Стаменов на „Фејсбук“ објави дека крадецот е фатен и дека компјутерите ќе си ги земат в понеделник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Украдени машини од градилиште на пругата Куманово…
Непознати лица украле машини на компанија која…