Детали од синоќешниот грабеж во Чаир – разбојниците пукале во банката, едниот е малолетен

t

Полицијата денеска соопшти детали од вчерашниот обид за грабеж во експозитура на „Комерцијална банка“ во скопската населба Чаир. Двајцата разбојници, од кои едниот е малолетен, пукале во блиндирано стакло во банката. Во грабежот никој не е повреден, а двајцата разбојници се уапсени, соопшти МВР.

„На 16.12.2024, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 13.00 часот во филијала на една банка на подрачјето на Чаир се обиделе за извршат разбојништво, при што од огнено оружје испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото, но не повредиле никој. Веднаш потоа, во близина на местото бил затекнат А.А., а по преземени мерки бил пронајден и малолетникот и кај него бил пронајден нож“, велат од полицијата.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од синоќешниот грабеж во Чаир –…

Полицијата денеска соопшти детали од вчерашниот обид…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

МВР потврди: Едно лице е во болница…

Едно лице е повредено и пренесено во…

НОВО ПУКАЊЕ ВО ЧАИР!

Попладнево има пукање во близина на Стадион…

Апел за помош: Се изгуби дете во…

Мало дете се изгуби во Чаир. Момчето…