„Детето секое утро ми станува со повраќање“ – Мајка на дете со попреченост јавно ја повика Јаневска да се преземе нешто околу образовните асистенти!
Родител на дете со пречки во развојот се обрати до министерката за образование Весна Јаневска поради отпуштањето на образовни асистенти за децата со посебни потреби и вработувањето на нови личности на тие позиции.
Како што вели мајката, нејзиното дете веќе има проблеми поради промената на асистентот.
Прочитајте ја целата објава во продолжение:
– Отпуштени еден куп предобри асистенти, исто ко да се отпуштени најдобрите доктори, а да се очекува добро здравство, како да се отпуштени најдобрите учители, а да се очекува добро школство, како да се отпуштени најдобрите судии, а да има добро судство, квалитетот по вода пуштен, однос асистент – дете, по вода пуштен, а децата се оставени да “изгорат”, затоа што тоа што ќе го доживеат во септември, толку боли! ![]()
Ме боли што чувствувам дека на децата со посебни потреби се гледа како да се предмети, споредбено со другите држави, никакви поволности, освен ако родителите сами не се изборат за нешто, помошта од државата цели 7900 ден. Животот на родителите, посебна приказна! Борба шо не сакам никој, апсолутно никој да ја врви!
Очекував и се борев за еден асистент да си истурка дете од прво одд. до четврта средно, а доживувам нешто скроз спротивно, тотално безумие! ![]()
Министерке Проф д-р Весна Јаневска ве замолувам да превземите се што е во ваша моќ да се исправи неправдата и да се размисли за еден асистент со едно дете во цел образовен процес, бидејќи овие деца се прекршливи!
А како изгледа стресот барем кај моето дете, месеци секое утре станува со повраќање, да не знам како да и помогнам – стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Свештеници на Англиканската црква под истрага за…
Седум свештеници на Англиканската црква, вклучувајќи го…
Напикале 130 деца во ЕДЕН АВТОБУС? Детали…
Си платиле за да напикаат 130-140 деца…
Франција забранува пушење на сите јавни места…
Пушењето ќе биде забрането од 1 јули…
Започна полагањето на државната матура – Јаневска…
Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по…