Деца со пиротехника запалија дрво пред Музејот во Тетово

t

Околу 20:15 вечерва избувна пожар на едно од дрвјата пред зградата на Музеј на тетовски крај (Дом АРМ) во Тетово кој бил изгаснат за кратко време од тетовските пожарникари.

Директорот на Музејот, Миќо Стојчевски информираше дека пожарот настанал поради деца кои употребувале пиротехнички материјали.

– На снимките од надзорните камери видов дека пожарот настана откако деца кои застанати пред објектот запалија пиротехнички материјали, нешто како огномет. Од тоа се запали дрвото, но за среќа веднаш пристигнаа пожарникарите кои за 15-тина минути го изгасија пожарот, рече Стојчевски.

Станарите кои живеат во околината на Музејот пожарот го пријавиле во СВР Тетово, откаде дошла и полициска екипа.

Пожарот се случува во период кога СВР Тетово ја реализира превентивно-едукативната кампања „Петарди НЕ, безбедност пред сè“.

Продажбата и активирањето на вакви пиротехнички средства, покрај прекршочно може да се санкционира и со кривични пријави, зависно од околностите и крајните последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…