„Дејли мејл“: Речиси половина од Американците ја поддржуваат иницијативата за импичмент на Бајден
Речиси половина од Американците ја поддржуваат иницијативата на Републиканците за спроведување истрага за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден, пишува весникот „Дејли мејл“, повикувајќи се на истражување.
Според резултатите од истражувањето, 47% од испитаниците се согласуваат со републиканската иницијатива за спроведување истрага за импичмент против Бајден, вклучително и 35% од испитаниците кои силно ги поддржуваат републиканците. Во исто време, 35% од испитаниците не се согласуваат со нив. Дополнително, 58% од учесниците во истражувањето веруваат дека актуелниот претседател на САД е вклучен во деловните иницијативи на неговиот син Хантер Бајден.
Анкетата ја спроведе Ј.Л. Партнери за Дејли Мејл, учествуваа илјада Американци.
Претставничкиот дом предводен од републиканците гласаше претходно оваа недела за формална истрага за американскиот претседател Џо Бајден и неговото семејство. Всушност, случајот се разгледуваше во три комисии на Претставничкиот дом веќе неколку месеци, при што конгресмени собираа докази за корупција и злоупотреба на власта. Се очекува дека по истрагата, Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом може да иницира импичмент на актуелниот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Правилата повеќе не постојат, САД го…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по седницата…
Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…
Иран: Трамп лаже, штетата врз нашиот главен…
Иран тврди дека нападот на американските сили…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…